Селани ставиле постер од порноѕвезда на нива за подобар род

Индиски фармери користат постер од порноѕвездата Сани Леоне за да ги заштитат своите посеви од уроци и тврдат дека тоа е поефективен начин на заплашување од страшила и клетви.

Како што вели еден од фармерите, поради тоа што нивата се наоѓа блиску до главниот пат, селаните во минување љубоморно гледаат во посевите. За да се заштитат, прво поставиле безопасни кукли во глинени садови, кои потсетуваат на човечка глава, но тоа не им завршило работа, па претрпеле штети.

„Тогаш се сетиле на нешто друго. Отпечатиле постер од млада жена што го поставиле на почетокот на нивата. Сега селаните кои минуваат по овој пат го погледнуваат постерот и продолжуваат понатаму. Посевите многу подобро напредуваат и нема повеќе проблеми.

 

 

Scroll to Top