(Видео) Срцето ѝ чука надвор од градите секојпат кога ќе се насмее

Вирисјава Борун – Гончарова е едно од ретките деца во светот чиешто срце чука надвор од градите. Седумгодишното девојче има исклучително ретко вродено нарушување, а нејзиното срце, кое е надвор од градниот кош, е заштитено само со тенок слој кожа. Затоа со голо око може да се види неговото биење.

Малата Русинка не смее да се заморува, да трча и да танцува, иако многу го сака тоа, мора да внимава што ќе облече за да не го иритира.

На почетокот на годината таа замина на Флорида каде што требаше да биде оперирана, но лекарите ја одложиле операцијата заради проблемите со крвниот притисок.

„Не одам во училиште ниту на балет, но сакам сето тоа да можам да го правам дома. Срцето ми е тука, надвор од градниот кош и ми се допаѓа што мајка ми секогаш ми го допира срцето, бидејќи ме сака“, вели 7-годишната Вирсавија.

Нејзината мајка деновиве објави снимка на која се гледа како срцето на малата Вирсавија излегува од градите секојпат кога ќе се насмее.

Scroll to Top