(Видео) Свадбена торта од бајките

Свадбената торта висока пет метри во форма на замок е најлуксузната свадбена торта кога било направена. На луѓето што ја правеле им бил потребен цел месец за да ја изработат според желбата на невестата.

Тортата е правена во Џакарта, а свадбата се одржувала во Бандунг, кој е оддалечен 150 километри од местото на изработката.

„Сите делови за тортата и украсите моравме да ги однесеме до местото каде што се одржуваше свадбата, па таму да ја склопуваме“, рекол еден од слаткарите што ја правеле.

Замокот е целиот направен од шеќер, заедно со сите украси, светови, куполи, тантелата и прозорчињата.

„Структурата за тортата висока 5 метри е направена од метал, а сето останато е изработено рачно. Во тимот беа вклучени 15 слаткари, кои работеа цел месец деноноќно“, додал тој.

Scroll to Top