(Видео) Во 2004 година Цукерберг се обидува да објасни што е „Фејсбук“

Пред 13 години Марк Цукерберг, во тоа време 19-годишно момче, директно се вклучил во емисијата „Булсаи“ на „Си-ен-би-си“ и се обидел да им ја објасни на гледачите идејата зад неговото дело „Фејсбук“.

На почетокот оваа социјална мрежа беше многу поинаква, помала, а во насловот го содржеше и членот „Тhе“, кој беше отстранет во 2005 година. Во тоа време никој не можеше да претпостави каков развој ќе доживее компанијата „Фејсбук“.

Цукерберг во интервјуто рекол дека „Фејсбук„ е страница како „онлајн-директориум кој ги спојува луѓето преку универзитетите и факултетите“. Тој додал дека очекувале да соберат 400 до 500 членови на мрежата, но само неколку месеци од лансирањето „Фејсбук“ ја надминал очекуваната бројка. Во моментот на интервјуто неговата мрежа веќе броела над 100.000 членови. Првичната идеја била да ги спои на едно место студентите од Харвард за нивна полесна комуникација, но се надевал дека за неговата мрежа ќе успеат да се заинтересираат и многу други факултети. „Фејсбук“ денес има над две милијарди корисници.

Scroll to Top