(видео) Затворена црква на пророк кој тврди дека може да лета

Црква во Република Боцвана била затворена од страна на тамошната влада поради тоа што пророкот Шепард Бушер тврдел дека може да лета.

Таа ја затворила црквата поради тоа што смета дека Шепард тоа го правел за пари.

Тамошните медиуми известуваат дека црквата се жалела на ваквата одлука, која е донесена пред една година, а на пророкот му било забрането да влегува во неа.

Министерот Едвин Бацу во април минатата година изјави дека на Шепард, која сега живее во Јужна Африка, ќе му треба виза за да влезе во земјата, и покрај тоа што на жителите во Малавија не им е потребна истата.

Шепард има цркви ширум Африка, од Гана до Јужна Африка. Тврди дека ги лечи луѓето од ХИВ и ги оживува мртвите. Предвидувал дека Велика Британија ќе се распадне, а земјата ќе потоне во хаос и војна.

 

Scroll to Top