Викендов на улица Македонија – „Време е за зимница”

Настанот „Време е за зимница“ ќе се одржи в сабота и в недела на улицата Македонија во Скопје, а десет македонски компании, преработувачи на овошје и зеленчук, ќе имаат можност да се претстават пред минувачите.

Целта на манифестацијата е да ја да промовира домашната конзервна индустрија и да ја зголеми свеста кај потрошувачите на домашниот пазар за квалитетот и безбедноста на производите што ги нуди оваа индустрија.

„Време е за зимница“ се организира со поддршка на Општина Центар и Министерството за економија.

Scroll to Top