Висока загаденост на воздухот во Скопје, Битола, Тетово и Куманово

Станиците за мерење на загаденоста на воздухот утрово покажаа многу висока концентрација на ПМ 2,5 честички во Скопје, Битола, Тетово и Куманово.

Највисоки концентрации на ПМ 10 честички се забележани во скопско Лисиче каде вредностите беа поголеми повеќе од десет пати. Цело Скопје е поголеми вредности од дозволените, како и Битола, Тетово, Кавадарци и Куманово, додека на средно ниво е во Кичево, Велес и Кочани.

Во Скопје концентрацијата на ПМ10 честички е најголема во Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба. Мерните станици секојдневно регистрираат концентрации на овие штетни честички и по неколкупати поголеми од толерираниот минимум којшто изнесува 50 микрограми на метар кубен воздух.

Scroll to Top