Во дискоклуб го пронашла принцот од своите сништа

Аријана Остин (33) го запознала својот животен сопатник во еден ноќен клуб. Но, не знаела дека всушност станува збор за етиопскиот принц, пренесува „Индепендент“.

Таа се забавувала со една пријателка кога им пришол Џоел Маконен.

„Двете изгледаа како да се од реклама за ‘Бомбај Сафир’. По пет минути ѝ реков дека ќе ми биде девојка“, изјавил принцот за „Њујорк тајмс“ раскажувајќи за нивната субдоносна средба.

Во текот на ноќта Аријана не открила дека всушност станува збор за принцот Хајле Селасие, правнукот на големиот Хајле Селасие, последниот цар на Етиопија.

Двојката почнала да се забавува, а тогаш Џоел, кој работи како адвокат, ѝ открил на својата избраничка дека има кралско потекло.

Роден е во Рим затоа што неговите родители, принцот Давид Макен и принцезата Адеј Имра, биле принудени да живеат во егзил поради комунистичкиот преврат во нивната земја во 1974 година.

Татко му побегнал од крвопролевањето навреме затоа што студирал во странство. Семејството подоцна продолжило да живее во Швајцарија.

Кралското семејство влече корени од библискиот крал Соломон и кралицата од Саба.

Двојката се венчала на 9 септември на раскошната венчавка со 13 свештеници.

 

 

 

 

Scroll to Top