Во Македонија има нови 39 лица заразени од ХИВ

Во Македонија годинава се регистрирани 39 случаи на лица со ХИВ/сида. Сите заразени се мажи, а дури 31 инфекцијата ја добиле преку хомосексуален пат. Половината од заразените се од Скопје. Од новорегистрираните, четири лица имаат сида, а 35 се ХИВ-позитивни.

„Во 2017 година во Македонија се направени 30.211 тестирања за ХИВ“, изјавил прим. д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ.

Првиот случај на ХИВ во земјата е регистриран пред 30 години.

Први декември секоја година се одбележува како ден во борбата против ХИВ/сида во светот.

Scroll to Top