Во најстуденото место на светот температурите достигнуваат и до – 70 степени Целзиусови

Село во Русија е толку специфично што непрекинато ги фасцинира луѓето. Во него живеат околу 500 жители и важи за најстудено место на планетата.

Селото Ојмјакон се наоѓа во Република Саха, во далекуисточниот дел на Сибир, во Ојмјаконскиот Регион. Тоа е најстуденото место на нашата планета уште од 1926 година, а најниската температура изнесува неверојатни – 71,2 степени Целзиусови.

Се наоѓа на левиот брег од реката Индигирка, а жителите претежно се занимаваат со сточарство и риболов. Од градовите Јакутија и Јакутск, Ојмакон е оддалечен околу 1.100 километри кон исток.

Специфичности на местото

Местото го добило името според зборот кејум од евенскиот јазик, што во слободен превод значи – несмрзната вода, место каде што рибите ја минуваат зимата. Според друг извор, речникот на тунгускиот јазик, евенскиот збор кејум значи заледено езеро.

Административно припаѓа на Јакутија (Република Саха) и сместен е на три степени од поларниот круг. Пределот се одликува со заедница на тундра и тајга, а надморската вистина изнесува 741 метар.

Ојмакон е сместен на Ојмконското плато, кое се наоѓа меѓу Ојмјаконските Планини (3003 метри) на запад и југозапад и планината Тас Кистабит (2341 метар) на север и североисток. Реката Индигирка на исток ја сече својата долина и Ојмјаконската Котлина.

Земјиштето се заледува до длабочина до 1500 метри. Колку Ојмјакон е поблиску до северниот пол толку должината на денот и ноќта во текот на годината  варираат, во  декември денот трае три часа, а во јуни 21 час.

Климата

Тоа што ова место го издвојува од другите е острата континентална клима. Екстремно студени зими со средни топли лета. Сончевиот сјај е интензивен. Ова место се нарекува Пол на студеното во северната хемисфера. Најниската досега измерена температура – 68 степени Целзиусови, е измерена од страна на метеоролошката станица Томтор во 1933 година.

Температурата од -71,2 степени Целзиусови е забележана на споменикот во Ојмјакон. Во текот на летото температурите можат да достигнат од 25 до 30 степени Целзиусови, па годишната амплитуда во ова место е поголема од 100 степени Целзиусови.

 

Топла вода

Околината на Ојмјакон е богата со извори на топла вода. Главниот воден тек е Индигирка, која тече од исток. Извира на Халканските Планини, поточно извира од два помали извори. Тура Урјах и Тарин Јурах. Долга е 1726 километри и се влива во Источносибирското Море.

Во периодот од октомври до мај површината на реката се заледува. Погодна е за риболов бидејќи е богата со репус, чир, слуз, потоа сулфур и други видови. Југоисточно од селото се наоѓаат два поголеми езера, Болшаја и Мендерала.

Пределот е прекриен со типични претставници на тундра и тајга. На подрачјето на Ојмјакон живеат специфични видови коњи кои се слични со пони според висината, а впечатливи се по исклучително долгите влакна кои ги штитат од студот во текот на зимата. Водата е богата со риба, а во шумите живеат ирваси.

 

Населението

Според проценките од 2012 година, во Ојмјакон живеат 512 жители, додека според податоците од пописот од 2010 година, имало 462 жители (230 мажи и 232 жени). Според националниот состав од 2002 година, најбројни се Јакути, а потоа следат Русите. Официјални јазици се рускиот и јакутскиот.

Поради исклучително ниските температури, одгледувањето  житни растенија и одгледувањето овошје или зеленчук не се возможни, а во исхраната се застапени дивите плодови од локалните билни видови. Меѓу локалните специјалитети, се издвојуваат млечните производи хајак и кјорчех, кои се слични на путер и сладолед, како и најпознатото ојмјаконско јадење строгани (исчистена свежа заледена риба).

Поради проблемите со заледените цевки, овие луѓе, наместо вециња, користат јами кои ги ископуваат на улиците покрај куќите. За стоката да ги преживее ужасно студените ноќи, се прават изолирани штали во кои температурата не ги преминува екстремните минуси. Во Ојмјакон постои само една продавница во која може да се набават одредени продукти, кои, пак, не се достапни секој ден.

Благодарение на чистиот воздух, здравата исхрана и чистата вода, жителите на Ојмјакон се познати по долговечноста.

Жителите на Ојмјакон во најголем дел се занимаваат со сточарство, поточно со одгледување ирвиси и диви коњи. Околината на местото е богата со рудници со злато.

Интернет, школи, работни места

Поради ниските температури, нема мобилни телефони и сигнал. Туризмот е развиен на база на климатските специфичности (најниски температури).

Во селото се наоѓаат школи и градинка, потоа дом на култура и спортски центар. Иако температурите паѓаат и под – 50 степени Целзиусови, децата и понатаму одат во школо. Часовите се откажуваат за учениците од прво до петто одделение само ако температурата падне на – 52 степени Целзиусови.

Во источниот дел се наоѓа локална млекарница и пилана. Јужно од селото Томтор се наоѓа аеродромот Ојмјакон, кој е изграден за време на Втората светска војна, а затворен е во 1970 година. Има една земјена писта долга 1,9 километри. Општинската заграда се наоѓа во центарот на Ојмјанк.

Погледнете како изгледа најстуденото место на планетата:

 

 

Scroll to Top