Во Тузла направен бурек за Гинис

На Плоштадот на слободата во Тузла вчера беше измесен најголемиот бурек на светот со кој жителите на овој босански град ќе се обидат да влезат во Гинисовата книга на рекорди. Бурекот беше приготвен во тепсија со пречник од шест метри и тежеше околу 650 килограми, што е доволно за дури 5.000 порции.

Подготвувањето на бурекот траеше шест часа, а локалните пекари исукаа кори во должина од 1,5 километри.

„Ќе го поделиме бурекот со народот и дел ќе им испратиме на службите кои за нас се грижат 24 часа, а тоа се пожарникарите, брзата помош, полицијата и универзитетскиот клинички центар“, изјавил организаторот на оваа иницијатива, Омер Исовиќ.

Во рок од три месеци тузлани треба да добијат потврда дали е соборен Гинисовиот рекорд. Според Исовиќ, досега најголемиот бурек на светот, со пречник од 5,5 метри, бил направен во Љубљана, но тој не влегол во Гинисовата книга на рекорди.

Scroll to Top