(ВО ЖИВО) Целосно затемнување на Сонцето денеска ширум Америка

Околу 12 милиони Американци живеат на подрачјето на кое денеска ќе биде видлив овој астрономски феномен. Американците денеска имаат можност да го погледнат целосното затемнување на Сонцето, најголемо во последните 99 години, а остатокот од светот таа појава може да ја види во живо на твитер-профилот на „The Weather Channel“, во наредните неколку часа.Денешното затемнување на Сонцето е важно за научниците затоа што станува збор за можност да се проучува горниот дел на атмосферата на Сонцето, кој обично е невидлив.Следете го затемнувањето од Американската вселенска агенција:

 

Затемнувањето започна во американската сојузна држава Орегон во 10 часот по локално време, а ќе заврши во Јужна Каролина околу 15 часот по локално време. Околу 12 милиони Американци живеат на подрачјето на кое ќе биде видлив тој астрономски феномен, кој, според тврдењата на многумина, ќе биде најмногу фотографиран и најдобро документиран во човечката историја.

Затемнувањето на Сонцето е астрономска појава која се случува кога Сонцето ќе фрли сенка на Месечината, на површината на планетата Земја, што може да се случи само кога Месечината се наоѓа меѓу Земјата и Сонцето.

 

 

Scroll to Top