За малку! Македонија и Германија се израмнети!

Македонија избори реми против Германија (25-25) во третиот меч од Европското првенство кое се игра во Хрватска.

Нашите македонски ракометари имаа одличен старт, водеа и со три гола предност 5-2. Не требаше многу време за Германците да се вратат во игра. За зрамнетата игра во првиот дел се погрижија нашите голмани Борко Ристевски и Никола Митревски со нивните одлични одбрани.

На крајот на првото полувреме Германија замина со предност од еден гол разлика 12:11.

Нашите момци одлично го почнаа и второто полувреме со головите на Манасков, Лазаров и Талески, а Борко Ристевски дека е во одлична форма покажа и во вториот дел.

Во последните моменти можеше да се забележи неспортски потег на Германците, за кои судиите останаа неми. На само 10 секунди пред крајот Македонија дури имаше и можност да однесе победа, но чистата позиција за погодок не ја искористи Стојанче Стоилов.

Најефикасен на ракометниот меч меѓу Македонија и Германија на Европското првенство во Хрватска беше Филип Талевски со шест погодоци.

„Ова беше тежок меч за сите нас. Како што кажав и претходно ова беше меч за душа. Заслуживме и да победиме, но сепак супер е што пренесуваме 3 бодови во следната фаза. Тоа е голем плус за нас. Ова се случува за прв пат во историјата. Успеавме да ги завршиме сите обврски кои ни ги зададе тренерот. Ни следат тешки мечеви, но треба да влеземе со ладни глави и да бидеме подготвени“, изјави Талевски по мечот со Германија.

 

Scroll to Top