За што сè можете да го употребите аспиринот

Луѓето го користат аспиринот против главоболка, но овој лек има уште неколку интересни алтернативни примени.

Помага во намалувањето на акните

Ги смирува воспалителните процеси заради кои настануваат акните.

Се користи како пилинг

Можете да го употребувате и за пилинг, бидејќи успешно ги отстранува мртвите клетки и не предизвикува иритација на кожата.

Помага при намалување на првутот

За да се ослободите од првутот мијте ја косата со две апчиња аспирин.

Помага при каснатини од инсекти

Не само што ќе го намали отокот, туку и нема многу да ве чеша.

Елиминира тврди делови од кожата на петите

Овие апчиња лесно ги отстрануваат мртвите клетки, а со тоа и тврдата кора на петите. Растопете 7 апчиња аспирин во лажица сок од лимон и со пастата намачкајте ги нозете. Оставете ја 10 минути, а потоа измијте ги нозете со млака вода.

Отстранува дамки од пот на облеката

Растворете едно апче во млака вода и смесата нанесете ја на дамката. Оставете да отстои, а потоа ставете ја облеката да се пере.

Ги намалува дамките на кожата

Измешајте 7 апчиња аспирин и 3 лажици јогурт. Со оваа маска ќе имате чиста и беспрекорна кожа на лицето.

Ја заздравува оштетената коса

Не само што помага во отстранување на првутот, туку ако го растворите во млака вода и го оставите 15 минути на косата, ќе ви помогне ако имате сува и оштетена коса.

Отстранува дамки во тоалетот

Растворете 5 апчиња во вода и лесно ќе ги отстраните дамките кои ве нервираат во тоалетот.

Го продолжува животот на цвеќињата

Искршете една таблета аспирин во водата во која го чувате цвеќето и истото подолго време нема да се исуши.

 

Scroll to Top