Жена спиела секоја вечер со питон – ветеринарот и открил болна вистина!

Жена спиела секој ден во својот кревет со својот миленик – четири метри долг питон, но после одредено време тој престанал да јаде.

Откако поминале неколку мачни недели во кои газдарицата на сите начини се обидела да ја нахрани змијата, а таа одбивала, одлучила совет да побара од стручно лице, па се упатила кон најблискиот ветеринар.

Откако ветеринарот ја сослушал приказната на оваа жена, тој ја прашал: „Дали вашата змија спие со вас во ист кревет, ве обвива, или легнува многу блиску и се издолжува цела?“

Изненадена од прашањето, жената со многу надеж одговорила: ДА, токму тоа го прави!. Тоа го прави секојдневно и ме прави многу тажна бидејќи гледам дека нешто бара од мене, а никако не можам да и помогнам.

Ветеринарот морал да и ја каже болната вистина и покрај тоа што ја гледал големата тага во нејзините очи.

– Госпоѓо, вашиот питон не е болен, тој се подготвува да ве изеде. Тој секој пат, обвивајќи ве, издолжувајќи се до вас, ја проверува големината на вашето тело. Тој не јаде, не затоа што не е гладен туку остава доволно простор пред нападот за да може да ве голтне и да има доволно место да ве свари, и рекол ветеринарот.

Scroll to Top