Жестоката борба меѓу малото дете и мечето можеше да заврши крваво

Иако мечињата изгледаат како слатки и питоми животни, нивниот карактер и не е така пријатен, особено кога ќе пораснат. Но, на едно дете тоа очигледно не му пречело за да си поигра со него.

На снимката објавена на „Фејсбук“ се гледа момче од Чеченија како си игра и се бори со мече на трева.

Детето има помалку од десет години, а и мечето исто така е мало. Но, тоа не значи дека е безопасно.

Мечето и детето се бореа, удираа, а непознато лице сето тоа го забележа на камерата и не помисли да му помогне на детето и да го одвлече на страна.

Иако малите мечиња се многу слатки и се чини дека сакаат да се галат, на децата дефинитивно не им е место во нивна близина, а не, пак, да си играат или да се борат со нив.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top