Журка со Марина Рубинштајн вечерва во Скопје 

 Вечерва во клубот „ Епицентар“ во Скопје настап ќе има диџеј Марина Рубинштајн заедно со Дијана Ди. Диџеј Рубинштајн изминативе пет години стана препознатлива по музиката што ја пушта во најзначајните берлински клубови презентирајќи повеќе жанрови на техно-музиката. Диџеј Рубинштај е родена во Русија, а пораснала во Израел. Од своето деби во 2012, таа постојано настапува во клубови, а годинава првпат настапи на „Сонар фестивал“ со светскиот суперстар диџеј Марсел Детман.

Scroll to Top