„Златната топка“ на Роналдо продадена за 600.000 евра

Кристијано Роналдо помогна да се соберат 600.000 евра за добротворната организација „Замисли желба“ така што ја донираше својата копија од еден од четирите трофеи „Златна топка“.

„Златна топка“ е трофеј што се доделува на најдобриот фудбалер во една година, а оваа копија ја купи израелскиот милионер и филантроп Идан Офер на гала-вечерата што се одржа во хотелот „Дорчестер“ во Лондон.

Според шпанскиот весник „Марка“, трофејот бил дополнителната копија што Роналдо ја побарал кога го освоил трофејот во 2013 година, а оригиналниот трофеј останува во неговиот музеј на Мадеира.

Роналдо не присуствувал на церемонијата, а Офер трофејот го добил од менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш.

Scroll to Top