Зошто наутро тежиме помалку отколку навечер?

Ако се мерите редовно, сигурно ви се случило да забележите дека бројките на вагата се помали наутро од оние навечер. За оваа појава постои научно објаснување, пишува „Бизнис инсајдер“.

Цел ден јадеме, пиеме, – секогаш нешто се случува. А во текот на ноќта телото добива можност да го обработи она што сме консумирале во текот на денот. Ја согорува енергијата и губи атоми на јаглерод додека дишеме. Исто така, поголем дел од она што губиме отпаѓа на вода. Таа излегува од телото кога издишуваме, а ја губиме со потење во текот на ноќта.

Комбинацијата на сето тоа, наутро во просек нè прави полесни за половина килограм до килограм ипол. Затоа утрото е одлично време за мерење и кревање на самодовербата.

Scroll to Top