Зошто секогаш солта треба да ја држите покрај шпоретот?

Според својата вредност, на сите добро им е познато дека солта е незаменлив продукт што се наоѓа во секоја кујна. Таа не само што им го подобрува вкусот на јадењата туку може и да ви помогне во разни ситуации кога мислите дека нема решенија.

Се разбира, најмногу се користи за готвење. Но, може да ви помогне и да се ослободите од бубашвабите и мравките и да ги отстраните дамките или да ги измиете загорените садови. Ништо подобро од неа не го решава ни проблемот со затнатите одводи. Едноставно, таа е незаменлива.

Дали некогаш сте забележале дека одделни луѓе ја држат покрај шпоретот, каминот или други извори на пламен. Сигурно сте се запрашале зошто ја ставаат таму.

Одговорот е прост, солта е одлично средство за гаснење оган или пожар. Па, доколку дојде до некоја незгода со шпоретот во текот на готвењето, доколку ви се запали масло или почне да ви се појавуваат искри, само обилно посипете ја солта и пламенот веднаш ќе се изгасне.

 

Scroll to Top