Вероника Зузулова е победничка на годинашната трка во „Слијеме“, Хрватска

Словачката скијачка Вероника Зузулова е победничка на годинашната слаломска трка „Снежна кралица“ во рамките на светскиот куп која се одржа на „Слијеме“ во близина на Загреб, Хрватска.
Зузулова по двете трки во слалом имаше најдобри резултати. Таа победи со вкупно време од 2:02.53 минути, и се искачи на пиедесталот пред својата сонародничка Петра Влхова која заостана 24 стотинки. Третата позиција и припадна на чешката скијачка Сарка Страхова.
Најдобрата светска скијачка, Микаела Шифрин, не успеа да ја заврши трката, како и многу други фаворити што претставува мало изненадување.
loading...