Димитров го освои АТП турнирот во Бризбејн

Бугарскиот тенисер Григор Димитров е победник на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија. Тој денеска во финалето беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори со 2-1.
Првиот сет му припадна на Бугаринот со 6:2. Со иста мера возврати Нишикори во вториот сет, а во решавачкиот трет сет беше 6:3 за Димитров.
За него ова е петти трофеј од АТП турнирите.