Олимпик Марсеј ривал на ПСЖ во финалето на францускиот куп

Фудбалерите на Олимпик Марсеј се изборија за пласман во финалето на францускиот Куп откако синоќа во полуфиналето како гости минимално со 1:0 го победија Сошо (член на Втората лига на Франција).

Стрелец на единствениот гол беше Флориан Тован во 49. минута.

ПСЖ претходно во вторник го елиминира Лориен со истиот резултат.

Ова се двата најуспешни тима во францускиот Куп. Олимпик Марсеј има 10 трофеи (последниот освоен пред 27 години), а ПСЖ 9 (актуелен бранител на Купот).

Финалето ќе се игра на „Стад Д‘Франс“ во Париз на 21 мај.