Харден со 10. трипл-дабл го предводеше Хјустон до 30. победа

Кошаркарите на Хјустон забележаа нова победа во НБА лигата, а најзаслужен за триумфот на „рокетс“ над Торонто беше Џејмс Харден кој го реализира 10. „трипл-дабл“ во сезоната со 40 постигнати поени, 10 скока и 11 асистенции.
Резултати:
Бруклин – Филаделфија 95:105,
Милвоки – Вашингтон 101:107,
ЛА Клиперс – Мајами 98:86,
Торонто – Хјустон 122:129,
Мемфис – Јута 88:79,
Феникс – Кливленд 116:120,
Портланд – Детроит 124:125 (по две продолженија),
Сакраменто – Голден Стејт 106:117 и
ЛА Лејкерс – Орландо 111:95.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 32-6 (победи-порази), Сан Антонио 30-7, Хјустон 30-9, ЛА Клиперс 26-14, Мемфис 24-16, Јута 23-16, Оклахома Сити 22-16, Портланд 16-23,…
Пласман Источна конференција: Кливленд 28-8 (победи-порази), Торонто 24-13, Бостон 23-14, Атланта 21-16, Индијана 20-18, Шарлот 20-18, Чикаго 19-18, Милвоки 18-18, Вашингтон 18-18…