„Вима“: Грчките банки се повлекуваат од балканските земји

Грчките банки се во очекување на промените во работното законодавство на Грција, по што ќе ги објават своите планови за престурктурање, кои ќе опфатат и затворање на нивите филијали во балканските земји, тврди атинскиот весник „Вима“.

Весникот наведува дека по извршената трета докапитализација на грчките банки во изминативе три години, тие сега ќе се насочат кон мерки за штедење кои ќе вклучуваат отпуштање на вработени, затворање на експозитури и затворање или продажба на нивните банки-ќерки.

Според овие планови, до крајот на 2017 година грчките банки планираат да го намалат бројот на своите вработени за околу 6.000, преку нивно пензинирање или отпуштање од работа.

Доколу се остварат ваквите планови, бројот на вработени во банките во Грција ќе се намали за половина во однос на 35-те илјади банкарски службеници во времето пред избувнувањето на финансиската криза.

Најголеми отпуштања се очекуваат од „Националната банка на Грција“ (НБГ) и банката „Пиреос“, имјаќи предвид дека лани тие побараа државна помош за покривање на своите капитални потреби.

Предвидно е и намалување на бројот на експозитирите на банките во Грција за околу 10 процнети од сегашните 2.500 на 2.250. „Лидери“ во ова кратење ќе бидат „Пиреос“ и „Алфа Банк“, кои се очекува да затворат вкупно 200 експозитури.

Мерките за штедење се очекува да ги опфатат и филијалите на грчките банки во странство, пред се оние во балканските земји, што ќе доведе до драстично намалување на нивната активност надвор од територијата на Грција.

НБГ и „Пиреос“ ќе бидат принудени да се повлечат од повеќето пазари, поради државната помош што ја добија во 2015 година, наведува „Вима“, додавајќи дека НБГ веќе потпишала договор за продажба на нејзината филијала во Турција, „Финансбанк“.

Според весникот, на удар на мерките најверојатно ќе се најдат филијалите на НБГ во Бугарија и Србија, на „Еуробанк“ во Бугарија, Романија и Србија, на „Алфа Банк“ во Романија и на „Пиреос“ во Бугарија и Романија.

Преструктуирањето на филијалите на грчките банки на Балканот може да биде со нивно затворање, продажба на други банки или со нивно спојување. Како можност за ова се наведува примерот со подажбата на филијалата на „Алфа Банк“ во Бугарија на бугарската „Поштенска банка“, која е во сопственост на грчката „Еуробанк“.

Покрај ова можно е грачките банки да инвестираат во други сектори, како што е инвестицијата на „Алфа Банк“ во грчкиот хотел „Хилтон“  и осигурителната компанија „АТЕ Асфалистики“, на „Пиреос“ и „Еуробанк“ во секторот на недвижности и на НБГ во инвестициската компанија „Пангеа“, хотелскиот комплекс „Астир Палас“ и осигурителната компанија „Етники Асфалистики“.

 

loading...