За него велат дека е најсреќниот човевк на светот – Има две девојки и деца и тројцата спијат заедно

Адам Лајонс (36) од источен Лондон живее со две девојки, и за Индипендент открива дека наскоро треба да стане татко по втор пат, и дека оваа чудна заедница одлучила да своите деца ги одгледува во тројна врска.

Пред две години, Адам е прогласен за најсреќниот човек на светот поради својата складна заедница со Брук Шед и Џејн Шалаков. Но за нив, нивниот стил на живот е сосема нормален.

Оваа двојка сега живее во Остин во Тексас, и веќе го имаат синот Дантеа (2) кој е биолошко дете на Адам и брук, но поради тоа што Џеј е трудна, наскоро ќе станат родители и по втор пат. Оваа заедница се смета дека тројната врска е иднината на родителството.

„Ние мислиме дека ваквата врска е супер затоа што многу полесно е во тројна организација во однос на сите дневни обврски. Доста наши пријатели се во „нормални“ врски, но гледаме и колку се мачат и под каков стрес се“, вели Адам.

Кога за прв пат излегле во јавност оваа заедница пртерпела многу критики од друштвото, но по пет години успешна врска, успешно успеале да ги убедат сите во околината дека живеат во сосема среќни и складни односи.

Ова трио спие во голем брачен кревет за тројца и веруваат дека со секој нов член нивното семејство ќе биде покомплетно.