НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Ако користите WhatsApp, немојте да ја инсталирате оваа верзија

Ако сте корисник на WhatsAppa и добивате повик за да ја надоградите апликацијата на посебен WhatsApp Gold, не наседнувајте.

Станува збор за верзија на апликација која наводно има пристап само до славните личности, а овозможува бројни ексклузивни погодности како што е испраќање на фотки оддеднаш, видео чат, и можност за бришење на пораките откако сте ги испратиле. Многу „обични“ корисници добиле линк на своите телефони кои ги повикуваат за да ја превземат WhatsApp Gold, но станува збор само за измама на хакери, пренесува Метро.

Инстралирањето на оваа верзија се превзема преку malware преку кој хакерите можат да дојдат до личните податоци на телефонот. Се разбира никаква ексклузивна WhatsApp не би била достапна на уредот.

 

Не е познато колку луѓе досега го инсталирале овој вирус на телефоните, но се предупредуваат да ги избришат повиците, ако ги добијат, затоа што сите апликации се превземаат само на службените интернетски трговски друштва како што е Google Play.

 

loading...