Новото СТРАШИЛО на американските полицајци

Полициските станици во Калифорнија добија ново оружје за борба против уличниот криминал и на патиштата. Тоа е пресретнувачот Dodge Charger Pursuit кој ќе постапи на услуга како заменик на користениот досега Ford Crown Victoria Police Interceptor P71. Концернот Fiat Chrysler Automobiles склучил прилично профитабилен договор, и ќе им обезбеди на полицајците од Златната држава 580 примероци од седанот. Тој го носи името на легендарниот голем автомобил од 60-тите години на минатиот век, а е преработен специјално за потребите на полицијата.

0919037001469426721_552527_600x458
Од компанијата-производител тврдат дека предностите на возилото се во привлечната цена, економичноста на моторот и носивоста. Според барањата полициската машина треба да може да превезува не помалку од 680 кг., вклучувајќи ги и патниците и возачот. Едно од новитетите на возилото е новиот мултимедијален систем со 12,1-инчен монитор.

0564705001469426726_0

Во него е интегриран компјутер кој е поврзан со полициската станица и благодарение на тоа има пристап до огромна архива на податоци. Погонот на Dodge Charger Pursuit е доверено на 3,6-литарски V6 мотор со моќност 292 КС Неколку од машините ќе бидат опремени и со жесток V8 HEMI со зафатнина 5,7 литри кој развива 370 КС.
Овие автомобили ќе бидат употребени претежно од магистралната полиција на државата, апред да ги користат полицајците ќе поминат посебен тренинг курс. Освен со Ford Ford Crown Victoria Police Interceptor P71 полицајци во Калифорнија располагаат и со уште една импресивна машина – кросоверот Ford Police Interceptor Utility, позната во цивилната верзија Explorer. Последното ажурирање на флотата во државата беше пред 3 години. За овој период автомобилите на полицијата изминуваат околу 160 000 км, а по оваа граница гаранцијата им истекува и тие се заменуваат.