Србин кој се извини на неговиот син преку весниците го објасни неговиот несекојдневен потфат

Откако во весникот Политика јавно се извини на неговиот син Илија затоа што не верувал дека ќе заврши Електротехнички факултет во Белград, Бранко Ѓуриќ за истиот весник откри од каде е идејата за овој несекојдневен потфат.

Ѓуриќ пред новинарите откри дека изгубил доверба во неговиот син откако третпат запишал прва година факултет и изгубил прво на бесплатно школување. Илија на татко му ветил дека сам ќе ги финансираа студиите и ќе го заврши, а Бранко му вети јавно извинување ако ветувањето го исполни.

Таткото отрки дека идејата за извинување преку весник ја добил кога се сетил дека нешто слично протчитал пред четириесетина години во истиот дневен весник. За разлика од таткото, мајката на Илија не се сомневала дека дипломата ќе стигне во нивниот дом и таа рече дека е горда што нејзиниот син завршил факултет, финансирајќи го сам и дека верува дека не би одело така лесно ако го плаќале родителите.

loading...