Русија: Уставниот суд даде зелено светло за предвремени парламентарни избори

Највисокиот суд во Русија даде зелено светло за предвремени парламентарни избори следнта година и тие ќе се оддржат неколку месеци пред редовниот термин, објави агенцијата Associated Press.

ustyaven sud 2

Пратениците во јуни го поддржаа предлог-законот за предвремени избори, според кој, гласањто би се оддржало три месеци порано од редовниот термин за избори, тактика која што беше опишана како обид да се ослабе опозицијата.

Уставниот суд денес утврди дека оддржување на избори три месеци порано не е во спротивност со рускиот устав.

Со ваквата одлука, изборите наместо во декември ќе се оддржат во средината на септември 2016 година. Најверојатно ќе има слаб јавен интерес во предизборната кампања имајќи предвид дека повеќето Руси одат на одмор во лето, а ова ќе и користи на владеачката партија која се надева да добие повеќе гласови кога одзивот на гласачi е низок, пишува AP.

извор Associated Press

loading...