(ВИДЕО) 16 загинати и над 50 повредени во несреќа со два автобуси во Русија

Возачот на едниот од двата автобуси, кои се судрија крај Хабаровск, Русија, Анатолиј Фомин ги објаснил причините за тешката несреќа во која загинаа 16 лица, а 65 беа повредени.

„Во спротивната лента имаше трактор. Позади него излезе меѓуградски автобус, кој не ме пропушти и не успеа да го совлада управувањето. Јас се обидов да го избегнам автобусот, но одеднаш се удрив лево, а од ударот се свртев на десно и на крајот се превртев на десната страна. Се обидував некако да го избегнам автобусот, за да не се удри во банкината“.

Според прелиминарните информации возачот на другиот автобус Алексеј Онучин загинал.

И двајцата ја извршувале професијата со години. Автобусите биле во целосна исправност, а едниот од нив пред неколку дена поминал на технички преглед.