Александра Чичикова е Мис на свет со инвалидитет

Во полска се одржа првиот Мис на свет со инвалидитет, а победничка е 23-годишната Александра Чичикова од Белорусија.

Таа е студент по психологија и социјална педагогија, а самата сакала да се пријави на еден ваков избор.

„Борете се против своите стравови, потешкотии и анксиозноста. Водена сум од убедувањето дека дека мојот живот може да биде илустријација како една личност може да биде успешна, силна, убава, атрактивна, да има цели, без разлика на тоа како се движи“ вели  Белорусинката во своето претставување.

Жири комисијата пак, беше составена од новинари, презенттери, претставници од градскиот совет на Варшава, а меѓу нив се најде и Мис на Полска со инвалидитет од 2013 година, Олга Алаба.

Прва придружничка беше Лебоанг Монијатси од Јужна Африка, додека втора предужничка е Полјачката Адриана Заваџинска, која исто така ги освои и титулите „Мис Шарм“ и „Мис Фото“.

Scroll to Top