Анџелина Џоли со воспалени образи и јасно видливи вени

Веќе подолго време се зборува дека Анџелина Џоли боледува од анорексија, а се шпекулира и дека актерката ослабела и сега тежи само 34 килограми.

Анџелина со години има проблем со килограмите, и тоа не е никаква тајна. Во саботата Џоли се појави на доделувањето на наградите на Американското филмско здружение.

Неверојатно ослабена, со воспалени образи и вени кои јасно можат да се видат на кожата, актерката предизвика голем број  коментари кај нејзините фанови истакнувајќи дека од некогашната убавица останала само насмевката.

Само 24 часа подоцна Џоли се појави на церемонијата на доделувањето на наградата „БАФТА“во Лондон, каде што повторно беше во центарот на вниманието, но овој пат изгледаше поинаку.

Scroll to Top