Дарт Ведер од „Војна на ѕвездите“ од кристали „сваровски“

Последниот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ ќе ја доживее светската премиера во средината на декември, но компанијата за накит „Сваровски“ реши претходно да ги изненади фановите на филмот со ексклузивна фигура на Дарт Вејдер, украсена со 29.000 кристали.

За производството на секоја фигура компанијата потрошила по 120 часа, а лимитираната серија има само 300 фигури. Цената на оваа фигура ќе биде над 10.000 долари.

Минатата јапонската компанија за накит „Танака Кикинзоку“ изработи копија од шлемот на Дарт Ведер, а ја направи од чисто злато.

Scroll to Top