Дочекот на Нова Година во Охрид со Даниел Кајмакоски

И покрај ниските температури, синоќа во Охрид беше весело на Градскиот плоштад каде започнаа главните настани од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

По денската забава и трката на Дедомразовците во која најбрз беше Христијан Јованоски, синоќа, од 19:00 часот, на главната сцена на Градскиот плоштад во Охрид и официјално започна новогодишниот викенд.

Забавата започна со младата Dj Јана Ѓорѓиевска, по што настапија и Мартин Мила, Емилија Петреска и Билјана Буџакоска од OhridSUPERSTAR, за музичкиот дел да заврши со Dj-сет на Dj Јане од Супер радио. Гостите на плоштадот ги забавуваа и Баскер уметниците како дополнение на убавата вечер.

На малата сцена, во куќичката на плоштадот денеска има посебна програма за најмладите, а вечерва на главната сцена е организираниот дочек на Нова Година со богата програма. Ѕвезда на вечерта е популарниот Даниел Кајмакоски, а покрај него ќе настапат и Анита Мицова, Ансамбл Билјана, Ирма Гогова и Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR и Dj Regie Rulles. Баскер уметниците повторно ќе ги забавуваат присутните, предвидено е и обраќање на Градоначалникот Јован Стојаноски.

Scroll to Top