Додека лежам болна во кревет, таа почна медиумска војна против мене

Дара Бубамара ѝ се лути на својата колешка Сека Алексиќ зашто закажала концерт во „Штарк арената“ седум дена пред нејзиниот концерт.

Пејачката од Нови Сад вели дека информацијата многу ја погодила.

„Тоа што таа ми го направи јас не би го направила ниту на непријател. Не само што не е колегијално туку не е ни човечки. Кога ми потврди, останав без текст и само реков ‘среќно’. Но, тоа не е најлошата работа што ми ја направи“, изјави Дара. „Малку ѝ беше што закажа концерт седум дена пред мене, туку го искористи моментот што лежам болна во кревет и почна со медиумска кампања против мене.  Да се разбереме, јас не се плашам од тоа што таа закажа концерт седум дена пред мене, ме боли нечовечкиот потег од некој кого го сметав за пријател“, изјавила Дара Бубамара.

 

 

 

Scroll to Top