(ФОТО) Пресушија каналите во Венеција, гондолите насукани во кал

Ниската плима предизвикана од супермесечината и малата количина на врнежи предизвикаа сушење на дел од каналите во Венеција.

Изминатата недела можеше да се забележат како славните канали во Венеција се пресушени, а гондолите и бродовите останаа насукани и во кал.

Овој феномен не се случува прв пат. Пред две години нивото на морето беше 70 сантиметри пониско од вообичаетно, што исто така предизвика пресушување на дел од каналите.

Scroll to Top