Почна снимањето на филмот „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски

Денеска во Скопје почна снимањето на македонскиот игран долгометражен филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect).

Филмот ја следи приказната на младата Леа, која се бори за своето здравје и преиспитувајќи го својот живот почнува невообичаена потрага по среќата, ефектите од неа врз другите луѓе и можноста од нејзино ширење и мултиплицирање. Филмот е урбана драма која ја обработува универзалната потрага по среќа и барањето на смислата на животот. Режисер и сценарист е Борјан Зафировски, а соработник на сценариото е Дејан Дуковски.

Главните улоги ги толкуваат Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска. Филмот ќе се снима во следните 30 денови, на локации во Скопје и Охрид.

Scroll to Top