Поради Србинката Сандра, актерот Кристијан Бејл се одрекол од семејството

Кристијан Бејл е во брак со Сандра Блажиќ веќе 17 години, а оваа среќна двојка има и две деца, ќеркичката Емелин и синот Џозеф.

Познатиот актер е во брак со американската аргентинка со српски корени, Србослав Сандра Блажиќ.

Сандра е дета на српски емигранти, кои во шеесетите години емигрирале во Америка. Актерот со години велел дека бракот не е за него, поради лошите односи во своето семејство во кое ниту еден брак не успеал. Но, неговото мислење драстично се променило кога ја запознал асистенката Виное Рајдер, Сандра, која го завела веќе уште на првиот состанок.

Неговиот избор нималку не му се допаднал на неговата мајка и сестра, па во семејството често се расправале. Ситуацијата кулминирала кога во една хотелска соба, избила жестока расправија, по што Кристијан од хотелот ги исфрлил и двете и се одрекол од нив.

„Мојата сопруга е неверојатно силна жена. Таа е неверојатно силна и не трипи никакви глупости и затоа ја сакам. Како се однесувам по дома, тоа зависи и од улогата за кооја се подготвувам или моментално глумам, но на Сиби тоа и се допаѓа, и мисли дека е кул“, изјави Кристијан за својата жена.

 „Тоа можете да го гледате на два начина: Од една страна некој би рекол „јадна жена, сигурно не и е лесно да се носи со сето тоа“, а од друга страна можете да и завидите и да и речете „каква среќничка, во исто време може да биде со толку различни мажи“, објасни Бејл кога зборуваше за убавата Сандра, која во Америка ја ословуваат со Сиби.

Scroll to Top