Се запознаа највисокиот маж и најниската жена на светот

Минатиот викенд во Египет се запознаа Џојти Амге од Индија и Султан Косен од Турција. Според Гинисовата книга на рекорди, 25-годишната Индијка е најниската жена на светот, а Косен е највисок маж.

Косен е висок 251 сантиметар. Амге има само 60 сантиметри и му достига до колена.

Двајцата пристигнаа во Египет на покана на Министерството за туризам кое ги вклучи во промотивната кампања на оваа земја за градот Гиза каде доаѓаат бројни туристи за да ги видат пирамидите.

И Косен и Амге се носители на своите титули од 2011 година и оттогаш немаат конкуренција. Султан Косен го урна рекордот на кинезот Џи Шун кој беше висок 233 сантиметри. Џојти, пак, влезе во Гинисовата книга кога наполни 18 години. Таа во моментов се занимава со глума и води сопствено забавно шоу Lo Show Dei Record.

Scroll to Top