Татко му го злоставувал, а двете сестри му починале

Актерот Меколи Калкин кој сите го паметат по улогата во филмот „Сам дома“, е вистински пример колку е тенка линилата меѓу славата и пропаста. На прв поглед неговиот живот делувал идеално, но тоа воопшто не било така. Меколи преживеал неколку семејни трауми, а долгогодишната зависност од дрога само допринела за неговото тотално пијанство.

Кит Калкин, таткото на Меколи Калкин, сакал неговите четири деца да се занимаваат со шоубизнис. Но, не им било судено. Меколи во 2008 година останал без сестра му Дакота која загинала кога ја удрил автомобил. Другата сестра Џенифер, како и тој, станале зависници од наркотици, а во 2015 година, починала од преголема доза на дрога.

Меколи светската слава ја стекна со филмовите „Сам дома“ и „Ричи Рич“, а се појави и во спотот на Мајкл Џексон со песната „Black and White“. Кога наполнил десет години станал милионер. Се пишувало дека неговото семејство било успешно, но вистината е сосема поинаква.

Имено, татко му го малтретирал и го котнролирал, а постојано му ги трошел и неговите пари. Кога Меколи изјавил дека не сака да глуми, Кит го присилувал да продолжи со снимањата. Сепак, на 14 години Меколи објавил дека се повлекува од глумата, а тогаш почнале и семејните расправии поради што неговиот татко ги напуштил.

 

Во тој момент неговата мајка Патрициа го обвинила сопругот за злоставување и алкохолизам и почнала борбата за старетелството над Меколи, а главниот мотив било богатството на момчето кое е проценето на 11 милиони.

Поради тоа што неговата мајка потрошила милиони долари на судењата, семејството живеело на работ на егзистенцијата. Меколи Калкин на крајот своето богатство успеал да го сочува од родителите поради тоа што се скарал со двајцата.

Тој, од тогаш не разговара со својот татко, кој пред три години претрпел тежок мозочен удар.

А последните години Калкин го шокираше со своето издание. Бил зависник од хероин, а во 2013 година за малку ќе починел кога претерал со хероинот и лековите, а пријателите го пронашле во последен момент.

Многумина велат дека за тоа е виновно неговото семејство, и татко чии дела доста влијаеле на неговиот живот.

Актерот тврди дека дрогата е негово минато, како и дека во моментов се обидува да пронајде нешто со кое што ќе се заниамава во иднина.

 

Scroll to Top