(видео) Трамп и Меланија го прославуваат Божиќ

Американскиот претседател Доналд Трамп празниците ги поминува во својата вила Мар-а-Лаго на Флорида.

Како што наведува „АП“ агенцијата, за време на семејниот собир на американскиот претседател имало богата трпеза, а на масата можеле да се видат печена мисирка, говедско, пченка, колачи, пире, компири и сосови.

Исто така на трпезата можеле да се забележат и јадења од различни овошја, морска храна, риби, школки, како и десерти.

Тој за време на празничниот ден упатил поздрав до војниците кои се борат во странство, играл голф, зборувал на телефон со децата за Дедо Мраз и вечерал со семејството.

Преку видеоснимка изрази благодарност до членовите на војската, морнарицата, воздушните сили, крајбрежната стража и американскиот марински корпус.

Scroll to Top