Со згоден тренер се слабее најбрзо

Испитувањата покажуваат дека жените слабеат најбрзо ако се зачленат во вежбалница, а таму им помага млад и згоден тренер. Резултатите покажале дека жените што вежбаат со згоден тренер имаат трипати подобри резултати отколку оние што вежбаат сами или што вежбаат дома. Во испитувањето биле вклучени 2000 жени.

Иако на прво место жените си се ставаат самите како мотивација за нивниот добар изглед, тие на второ место ги ставиле згодните тренери, оти во нивно друштво сакале и самите да изгледаат згодни. Големо влијание има и платената членарина. Луѓето, се вели, не сакаат да пропуштат тренинг ако веќе платиле за него.

Scroll to Top