Дебарчанец бесправно копал песок

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, ПС Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „ “Дукас компани-Миче“ ДООЕЛ Дебар“  како и против Е.Д. (59) од Дебар, сопственик и управител во правниот субјект.Пријавените, во текот на јули оваа година, извршиле незаконска експлоатација на минерални суровини односно бесправен ископ на песок од речното корито на реката Радика.Тие, во близина на дебарското село Косоврасти, ивршиле ископ на 06 м³ песок од речното корито на Радика а потоа и продажба на ископаната количина. Тоа го направиле иако со решение  донесено од Државниот инспекторат за животна средина-Скопје, од 15.10.2014 година, имале забрана  да вршат ископ и продажба на песок. Од продажбата на бесправно ископаниот песок, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 6.000,оо денари.