Петмина ранети во престрелката во Куманово

Под силно полициско обезбедување на специјалните сили се сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје каде што се пренесуваат повредените полицајци од акцијата утринава во Куманово. Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група која се сомничи дека стои зад нападите на караулата во Гошинце. Запалена е и една куќа во кумановското Диво насеље,а граѓаните кои два часа слушаа пукотници се вознемирени. Сите приоди кон градот се блокирани. МВР се уште не соопштува детали за полициската акција-јавува Телма телевизија

loading...