Исламската држава ја зема контролата и врз последниот граничен премин помеѓу Сирија и Ирак

По повлекувањето на силите на сирискиот режим, џихадистичката организација Исламска држава го презеде и последниот граничен премин на Сирија со Ирак, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, а тоа го потврди и припадник на ИД.
Групата ја презела контролата врз преминот, кој се наоѓа на 240 километри од Палмира.
Ирачките сили исто така се повлекле од нивната страна на преминот, потврдија нивни претставници.
Сеуште не е познато точното време кога точно ИД воспоставила контрола врз преминот.