(ВИДЕО) Ексклузивно:Денис Димоски: Немав дозвола да пеам песни што ги сакав!

Денис Димоски од страна на жирито беше третиран како еден од главните кандидати за победа. „Му се поклонуваа“, даваа одлични коментари, беа воодушевени кога им пееше арии…Но, и покрај сите успешни настапи Денис не доби доволно гласови преку СМС за да оди во финале.Го прашавме како се чувствува што ете по толку месчни напори и одлични критики од жирито сепак не се пласира во финалната емисија?

denis-dimoski

„Па искрено не сум разочаран, бидејќи до некаде и очекував слаб телевоутинг поради лошата реклама и слабата гледаност на „Пинк ѕвезди“ во Македонија. Сепак, во исто време се емитуваше и „Ѕвезди на Гранд“ што е далеку повеќе гледано шоу во Македонија.
Мислам дека одличен успех е и полуфинале. Единствено не сум задоволен што за голем дел од песните кои сакав да ги пеам во текот на целото шоу, немав дозвола од продукцијата како што се: „Бато“ од Калиопи, „Од милијун жена“ – Тони Цетински, македонски изворни песни, песни од нашиот единствен Тоше…Но, тоа е тоа, нема разочарување, продолжуваме понатаму“ ни изјави Денис Димоски на прашањето како се чувствува што не влезе во големото финале на „Ѕвезди на Пинк“.

loading...