(ВИДЕО) Падна снег на Шар Планина

Дека имаме високи планини, сведочи и снегот кој падна ноќта помеѓу 26 и 27 јуни на надморска височина над 2650 метри. Снимките кои ни ги обезбеди планинарското друштво Аргентус Маунт од Тетово сведочат  за малата снежна покривка на под самиот врв на Шар Планина, Титов Врв, инаку висок 2747 метри.

Интересна информација е дека кулата на самиот врв во педесеттите години од минатиот век служела и како метеоролошка станица.

Извор-Метеопро