Времето денеска ќе биде променливо облачно

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе има повремен локален дожд, особено во планинските региони.

Попладне во планинските делови ќе има и услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Од пладне ќе има услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе биде 15, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Променливо облачно време со повремен локален дожд, особено во попладневните часови, кога ќе има и појава на ретки грмежи ќе преовладува до среда. Ќе дува умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Од четврток ќе преовладува претежно сончево и потопло време, попладне со умерена облачност.

 



Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во петок ќе има преодна стабилизација на времето со умерен северен ветер, а за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд.