(ВИДЕО) Ибрахим: За неколку дена ќе има претседател на Собранието

Пратеникот Енес Ибрахим кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во 11 години владеење била деструктивно поставена кон етничките заедници.

Според него Турците се оштетени, бидејќи не се исполнила ниту половина од оптималната бројка вработени во администрација.

– Турците се оставени како во среден век. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се исплашени од правдата, преку блокадата на Собранието се обидуваат да се амнестираат.

На новинарски прашања, тој кажа дека може да потврди дека за неколку дена ќе има претседател на Собранието, а наскоро и нова влада.